Царовска: Министер не пишува концепција за образование, туку експерти врз основа на анализи

Министерката за образование рече дека со години го бираме тајминот за образовни промени и крајно време е за конкретни чекори

298

Концепцијата за основно образование не ја пишува министер, туку експерти ангажирани и предводени од Бирото за развој на образованието како надлежна институција во тој дел. И таа е работена врз база на повеќе истражувања и анализи кои се цитирани во влезниот дел на документот, а во целиот процес беа вклучени и директори на училишта, наставници, родители и самите ученици, но и многу други релевантни фактори.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.






Царовска рече дека се доцни со реформите.

– Ние не брзаме со креирањето на реформата, туку напротив доцниме. Концепцијата е предвидена во Законот за основно образование и веќе втора година доцниме со имплементацијата и тоа е фактична состојба – рече Царовска.

Таа рече дека  нема да има бришење на ниту еден предмет или содржини и дека и понатаму ќе се изучуваат историја, физика, хемија, географија, но научните дисциплини ќе бидат поставени модуларно.

 

Поврзани содржини