Царовска: Матурантите ќе си го одработат бојкотот
Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата - рече Царовска.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска истакна дека училиштата ќе се реорганизираат и ќе ги надоместат изгубените часови на матурантите кои протестираа поради матурата.
Таа додаде дека сите ученици коишто сакаат да продолжат на факултет ќе мораат да имаат положено државна матура.
– Секое училиште има начин на којшто си ги надоместува изгубените часови, како секојпат кога има неможност да се спроведе наставата, така и овојпат ќе си се реорганизираат и тоа ќе се спроведе во училиштата – рече Царовска.