Царовска: Ќе излеземе во пресрет на секој кој што сака да ја развива нашата економија,

Царовска ги коментираше барањата на странските инвеститори за царински олеснувања за справување со последиците од корона-кризата.

367

Внимателноги следиме барањата на странските инвеститори, а денеска ќе имаме и онлајн состанок на генералниот секретар со Советот на странски инвеститори , изјави денеска вицепремиерката Мила Царовска коментирајќи ги барањата на странските инвеститори за царински олеснувања за справување со последиците од корона-кризата.

– Денеска има и онлајн состанок на генералниот секретар со Советот на странски инвеститори за да се разгледаат не само можностите за продолжување на постоечките мерки, туку повеќе да размислуваме развојно, што е она што можеме да го понудиме за да привлечеме повеќе од нив, но и да им дадеме можност и да се развиваат со нови операции во нашата држава. Јас сум сигурна дека како и досега, така и понатаму, на истиот инклузивен начин ќе ги носиме одлуките како Влада и ќе излеземе во пресрет на секој што сака да ја развива нашата економија, а притоа да ги почитува протоколите и препораките од здравствената комисија и работничките права – рече Царовска по увидот во извршените работи во ТИРЗ Скопје 2.

Поврзани содржини