Царовска: Целодневната настава е тема на дискусии во моментов
Се разгледува можноста децата да добија одредена заштита по завршување на часовите, штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена – рече министерката.
Министерката Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во однос на целодневната настава се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со министерството за труд и социјална политика.
– Се разгледува можноста децата да добија одредена заштита по завршување на часовите, штом ќе има конечна информација јавноста ќе биде известена – рече Царовска.
Во однос на тоа колку деца и колку вклучувања може да поддржи платформата, за разлика од симулацијата каде што беа 11 деца, во платформата може да се вклучат сите 30-35 ученици, како и дека ќе биде предизвик и обезбедувањето стабилна интернет конекција за да може да се одржуваат часовите без проблеми.