Царовска: Боки лаже, ќе го тужам!
„Поддршка имав и од Мила Царовска, тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај екс премиерот Зоран Заев. Ние всушност функцииниравме како министерство за социјала, згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање?“, рече денеска во судницата првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски.
Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП „Пелистер“ и за било каква соработка со Меѓународен сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета, реагираше вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, откако Боки 13 денеска истакна дека имал поддршка од Заев, од Царовска и од Спасовски.
– Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки – истакна Царовска.
Јовановски, пак, рече дека проектите за старечки домови, кои според обвинителството се фиктивни всушност се реални, со договори потпишани и донесени на собрание на невладината Меѓународен сојуз и проекти прераснати во платформи.
– Поддршка имав и од Мила Царовска, тогашната министерка за социјала, од Оливер Спасовски, а бевме на прием и кај експремиерот Зоран Заев. Ние всушност функцииниравме како министерство за социјала, згрижувавме деца и сега некој мојата хуманост ќе ја доведува во прашање? Бизнисменот Амзовски, доколку не се сретнеше со Александар Кирацовски, немаше да го прифати проектот – рече Јовановски и додаде дека Мила Царовска ја донела авторката на проектот, Лилјана Тодоровска, кај него.