Ќе има санкции за училиштата кои што без дозвола ќе почнат настава со физичко присуство, се закани денеска министерката за образование МилаЦаровска, откако некои од училиштата најавија дека ќе почнат да работат без дозвола од Министерството за образование.
На дел од ученициите кои се надвор од образовниот процес затоа што не сакаат он-лајн настава, Царовска им порача дека изгубените часови ќе ги надоместат со часови во летниот период или наредната година.