ЦАРИНСКАТА УПРАВА УРИВА РЕКОРДИ Само во октомври инкасирала 196 милиони евра

Од почетокот на годинава наплатените приходи изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани.

377

Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, информира Управата.

Од почетокот на годинава, заклучно со октомври наплатените приходи од Царинската управа изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани.






Приходите од наплата на давачки при увоз на возила се зголемени за 11 проценти. Од почетокот на годинава досега се поднесени вкупно 174 кривични пријави, од кои 89 се за сторени кривични дела со возила.

– Царинската управа, во изминатиот период работи на сите фронтови. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија со кое раководи Царинската управа. Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси, да ги надминеме резултатите што самите ги постигнавме. Ова се повеќе пари за болници, училишта, патна и железничка инфраструктура – изјави директорот Бобан Николовски, во интервју за Алфа телевизија.

Поврзани содржини