Царинска управа: Квалитетот на мазутот го контролираат инспекторатите за животна средина и за пазар

Царината во сопствената лабораторија, ги врши анализите на потребните параметри за царинење, како и содржината на сулфур во мазутот.

419

За квалитетот и контролата на мазутот надлежни се Министерството за економија – Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), реагира Царинсакта управа по информациете за увоз на отровен мазут.

Од Церината информираат дека при пуштање на стоката во слободен промет (тнр. увоз), за мазутот се предвидени одредни карактеристики за квалитет што се предвидени во Правилникот за квалитет на нафтени деривати за што се надлежни другите институции.






– Овие стандарди за квалитет  се однесуваат на пуштање на стоката во слободен промет на внатрешниот пазар, и од логична причина што на пазарот во земјата се појавуваат и нафтени деривати што се произведени од домашни производители.На ист начин е регулирана и потребата за добивање на лиценца, која како документ е задолжителна за пуштање на стока во внатрешниот промет -велат од Царината.

Во однос на процесот на царинење на мазутот, во царинската тарифа, постојат различни видови на нафтени деривати, таканаречени лесни, средни и тешки масла, односно масла за ложење кои уште се нарекуваат мазути.

– Основна функција на Царината, при царинење на мазутот, е да утврди првенствено дали декларираниот мазут, навистина претставува мазут или пак претставува некој друг вид на масло за горење – велат од  Царинската управа.

Според Царината, дел од увозниците се обидуваат дизел горивото да го декларираат како мазут.

-Тоа е затоа што мазутот има пониска акциза во однос на другите нафтени деривати. Од тој аспект, како што велат, првенствена контрола на Царинската управа е контрола на фискалниот аспект на нафтените деривати, односно правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акцизата, како и правилно утврдување на царинската вредност – велат од Царината.

Во периодот 2018-2020, се откриени низа обиди за погрешно и неправилно пријавување на стоките, со цел плаќање на помали увозни давачки.

Царината, како што се додава, во сопствената лабораторија, ги врши анализите на потребните параметри, како и содржината на сулфур во мазутот.

– При внесување на мазут во земајва, предвидено е доколку мазутот содржи сулфур над 1 отсто да не смее физички да влезе на територијата на државата. Од тие причини, Царината преку царинската лабораторија врши задолжителна контрола единствено на содржината на сулфурот. Доколку мазутот содржи поголема количина на сулфур од дозволеното, тој физички не смее да влезе во државата. Оваа одредба е содржана во Одлуката за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз, каде е предвиден режимот на забрана – појаснуваат од Царината.

– Царинската управа  уште еднаш нагласува дека согласно националното законодавство и европското зЦаринска аконодавство, особено одредбите од Поглавје 1 – слободно движење на стоки и Поглавје 29 – царинска унија, потребно е јавноста да биде објективно запознаена и информирана за мерките на трговска политика што се применуваат при внес во царинското подрачје и мерките на трговска политика што се применуваат при пуштање во слободен промет, односно внатрешен промет, со цел вистинско осознавање на потребата за контрола на квалитет на мазутот, заштита на здравјето на граѓањето и обезбедување услови за фер конкуренција, велат од Царината.

Во однос на начинот на распоредување на стоките, односно нивно тарифирање во номенклатурата на царинската тарифа, известуваат дека се врши согласно Законот за царинска тарифа, кој претставува клучен закон, каде се содржани тарифните ознаки и царинските стапки што се применуваат при наплата на царинските давачки.

– Распоредувањето, односно класифицирањето на стоките во соодветен тарифен број, се врши според описот на тарифните броеви, основните правила 1 и 6 за примена на Царинската тарифа, како и забелешките за распоредување на стоките кон Одделите, Главите и тарифните броеви – наведуваат од Царината.

Од каде што додаваат и дека основна функција при царинењето на стоките е утврдување на точниот тарфен број каде треба да се распореди стоката, со цел правилно да се наплати царина, ДДВ и акциза при пуштањето на стоките во слободен промет. Така при секое поднесување на царинската декларација, царинските службеници треба да ја идентификуваат стоката и да спроведат документарна контрола, односно да проверат дали декларираниот опис на стоката во царинската декларација е идентичен со декларираниот опис на стоката во фактурата за увоз и во одредени случаи да проверат и физички дали станува збор за тој вид на стока.

При приемот на царинските декларации во процесот на документарна и физичка контрола, потребно е правилно да се утврди и царинската вредност, со цел правилна наплата на царинските давачки, ДДВ и акциза, да се утврди потеклото на стоките, односно да се утврди дали стоките се со преференцијално или непреференцијално потекло.

На крај, во процесот на царинење на стоките, потребно е да се спроведат и сите мерки на трговски политика, тнр. нетарифни мерки, односно, да се утврди дали за одреден вид на стока постои некој вид забрана, ограничување или дали е потребно да се приложи одреден сертификат, со цел заштита на здравјето на населенито и на општеството.

Во однос на мерките на трговска политика Царинската управа известува јавноста дека постојат два вида мерки на трговска политика: мерки што се применуваа при внесување на стоката во царинското подрачје на земјата и мерки што се применуваат при пуштање на стоката во слободен промет, што вообичаено се нарекува увоз.

Поврзани содржини