ЦАРИНИТЕ ОД САД ЗА КИНА СЕ ЗЛОУПОТРЕБА И НАВРЕДА Пекинг вели дека со закани не се постигнува ништо
Американската злоупотреба на царините ги лишува земјите, особено оние од глобалниот југ, од нивното право на развој, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
За Кина царините наметнати од САД се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“. Вака изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на прес-конференција.
– Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина – изјави Лин Џијан, според кого, американските реципрочни царини, всушност, им служат на САД само на сметка на другите земји.
– Американската злоупотреба на царините ги лишува земјите, особено оние од глобалниот југ, од нивното право на развој – рече Лин наведувајќи ги зголемената нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и посебното влијание на царините врз посиромашните земји.
Тој ги повика земјите заеднички да се спротивстават на сите форми на унилатерализам и протекционизам и да ги заштитат меѓународниот систем и мултилатералната трговија засновани на вредностите на Обединетите нации и Светската здравствена организација.
Минатата недела Трамп воведе 34 отсто од новите царини на кинескиот увоз како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.