ЦАРИНИТЕ ЌЕ БИДАТ ВО МИЛИЈАРДИ! Трамп им порача на светските лидери – или ќе произведувате во САД или ќе ни плаќате високи давачки
Мојата порака до секој бизнис во светот е многу едноставна. Дојдете и направете го вашиот производ во Америка и ние ќе ви ги дадеме меѓу најниските даноци од која било нација на Земјата, повика денеска американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обрати на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, преку видео-врска.
Дојдете во Америка и произведувајте кај нас, со најниски даноци, повика денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој зборуваше на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, преку видео-врска, со што го одржа својот прв голем говор пред глобалните деловни и политички лидери.
Трамп ги повика светските бизнис лидери да ги произведуваат своите производи во САД.
– Мојата порака до секој бизнис во светот е многу едноставна. Дојдете и направете го вашиот производ во Америка и ние ќе ви ги дадеме меѓу најниските даноци од која било нација на Земјата. Ние ги намалуваме даноците многу значително, дури и од првичното намалување на даноците. Но, ако не го произведувате вашиот производ во Америка, што е ваше право, тогаш едноставно ќе треба да платите тарифа, различни износи, но, тарифа што ќе насочи стотици милијарди долари, дури и трилиони долари, во нашата каса. Да ја зајакнеме нашата економија и да го платиме нашиот долг – рече Трамп.