Умира некој цариник и оди кај Свети Петар:
– Здраво цариниче – му вели Свети Петар.
– Здраво Свети Петре – му одговара цариникот.
– Го разгледав целиот твој живот и можам да кажам дека имаш многу гревови направено. Но, од друга страна, добар човек си и неколкупати си помогнал на луѓе во неволја. Затоа, ќе направам исклучок со тебе – рекол Свети Петар и додал:
– Ајде сега кажи ми каде сакаш да те носам – во рајот или во пеколот?
На тоа цариникот одговара:
– На граница, ако може.