📷 ЦАРИНИЦИТЕ СПРЕЧИЈА ШВЕРЦ НА СВЕЖИ ПАСТРМКИ Погледнете каде ги сокрил рибите
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, најмногу на маслиново масло, овошје и зеленчук.
Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна, меѓу која најмногу на маслиново масло (560 литри) и на 3,7 тони овошје и зеленчук, соопшти Царинската управа.
„Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени 6 кеси со риби. Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна, транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции“, соопшти Царинската управа.
