ЦАРИНАТА ВО АВГУСТ НАПЛАТИЛА 14,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ Најмногу заработила од акцизна стока

Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9%, додека  приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3%.

67

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9% остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа.

Притоа, најголем раст од 19,5% е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари (61.463 евра).






Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9%, додека  приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3%.

– Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата – вели директорот Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Поврзани содржини