ЦАРИГРАД ИМА НАМЕРА ДА ЈА ПРИЗНАЕ ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ВО ЦРНА ГОРА Србите тврдат дека Вартоломеј наскоро ќе ѝ додели автокефален статус
Според српските медиуми, тоа би создало големи проблеми во „веќе потресениот православен свет“.
Цариградскиот патријарх Вартоломеј има намера наскоро да ѝ додели автокефалност на непризнаената Црногорска православна црква, пишуваат српските медиуми.
Според српските медиуми, тоа би создало големи проблеми во „веќе потресениот православен свет“. Тие сметаат дека Вартоломеј предизвикал раскол со признавањето на православната црква на Украина, а сега имал намера да ѝ зададе удар и на Српската православна црква.
„Јурисдикцијата на Цариградската патријаршија никогаш не постоела на територијата на Црна Гора, а таканаречената Црногорска православна црква е политички проект, сега поделена на неколку фракции, па затоа не е јасно кому би му била доделена автокефалноста“ – пишуваат српските медиуми, не наведувајќи извор за своите тврдења дека Вартоломеј наскоро ќе ја признае Црногорската православна црква како автокефална.