ЦАЦИ РЕЧЕ ПА ОДРЕЧЕ – НЕ ЗНАЕЛА НИШТО ЗА СЕКС-СКАНДАЛ ВО АРМ!? На собраниската седница зборуваше поинаку

Претходно на собраниската седница, одговарајќи на прашањето на Ковачки, министерката Петровска не рече дека „нема никакви информации“ за таков случај, туку, зборуваше како тој да ѝ е познат, но дека истрагата не е завршена и таа нема да се меша во неа.

2,278

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на ТВ21 рече дека до неа „нема стигнато никаква информација“ за наводите дека постои сексуално вознемирување во Армијата, што вчера во Сорбанието ги изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, иако на вчерашната седница министерката рече дека постои таква истрага, која ја води ОЈО и додаде дека таа лично „не се меша“ во истрагите.

– За ваков наводен скандал за кој денеска праша пратеникот Ковачки и кој прашањето го упати до претседателот на Владата, иако јас бев присутна за сето време на одржувањето на пратеничките прашања, за таква афера до овој момент јас официјално не сум известена. До мене како министерка за одбрана не се пристигнати никакви писмени поднесоци со кои ќе се потврди таков наводен скандал дека постои – рече Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.






На прашањето од каде се информациите кои ги изнесе пратеникот, Петровска рече дека тој ќе треба да си го провери изворот колку е веродостоен или, пак, како што рече, свесно го втурнуваат во некој дезинформационен круг.

Претходно на собраниската седница, одговарајќи на прашањето на Ковачки, министерката Петровска не рече дека „нема никакви информации“ за таков случај, туку, зборуваше како тој да ѝ е познат, но дека истрагата не е завршена и таа нема да се меша во неа.

– Не смее ниту овој ниту кој било друг министер за одбрана да влијае на истрагата. Ниту водам истрага, ниту имам законско право да преземам дел од истрагата која ја води Јавното обвинителство – рече Петровска во Сорбанието.

На вечрашната седница за пратенички прашања во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки праша дали премиерот Димитар Ковачевски е запознаен дека во АРМ има највисоки офицери кои изнудувале сексуални услуги од нивните подредени колешки и дали ќе побарате оставка од министерката Петровска „за непревземање, а со тоа и стимулирање на вакви и слични појави во иднина“.

Пратеникот Ковачки рече дека „постојат фото и фоно записи со кои се потврдува злоупотребата за службената позиција од страна на генерал и полковник и за истото е информирана министерката за одбрана, и Стево Пендаровски кој не покажал интерес за ништо“.

ВИСОКИ ОФИЦЕРИ ИЗНУДУВАЛЕ СЕКС-УСЛУГИ ОД ПОДРЕДЕНИ КОЛЕШКИ? Пратеникот Ковачки открива скандал во АРМ

 

 

Поврзани содржини