📷 БУТЕЛ СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ, А ДАНЕЛА МУВА НЕ ЈА ЛАЗИ Состојбата во oпштината е алармантна, Костовски со апел до градоначалничката на Скопје

Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините, за да не трпат граѓаните“, пишува градоначалникот.

172

За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои. Состојбата во oпштина Бутел е алармантна. Повеќе од десет дена екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ кои се под директна команда на Данела Арсовска, не ги извршуваат работни обврски на поголемиот дел од територијата на општина Бутел, реагира градоначалникот Дарко Костовски.

„Сликите се застрашувачки. Ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата“, реагира Костовски.






Градоначалникот Дарко Костовски упатува апел, додека не е доцна службите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните.

„Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините, за да не трпат граѓаните“, пишува градоначалникот.

Поврзани содржини