БУШИ ПЛАТИЛ 20.000 ЕВРА ЗА НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ? Заменик-министерот престојувал во претседателски апартман, но тврди дека си го платил од свој џеб

Во истражувањето за албански функционери кои се луксузирале во хотели, се најде и функционерот од македонската влада, за кого се тврди дека престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ ( Парк Босфор хотел) во Истанбул.

669

20.000 евра за едно ноќевање во луксузен хотел и уште полуксузен апартман, според албанскиот портал „Ора њуз“, платил заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши.

Во истражувањето за албански функционери кои се луксузирале во хотели, се најде и функционерот од македонската влада, за кого се тврди дека престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ ( Парк Босфор хотел) во Истанбул.






За тоа сведочи видеото направено од Буши во огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот. На ова видео јасно се гледа дека тој го снима ентериерот на луксузниот апартман, а во еден момент се гледа и неговиот син, Ќерим Буши, во друштво на две девојки.

Едноставно пребарување на Booking покажува дека ноќевање во претседателскиот апартман чини 20.000 евра.

Телма побарала одговор и од Буши и од МВР. Заменик-министерот одговорил дека се работи за приватно патување од здравствени причини, планирано пред да стане заменик-министер. Во Турција патувал во октомври 2020 година, а стана заменик министер на 23 септември истата година.

И одговорот од МВР е сличен:

„Станува збор за патување во приватни цели кое не е платено од МВР“.

Поврзани содржини