БУРНА НОЌ ЗА СЛОВЕНЕЧКИТЕ КОШАРКАРИ ПРЕД МУНДОБАСКЕТОТ Евакуирани поради ракета лансирана од Северна Кореја
Словенечката кошаркарска репрезентација ја игра првата фаза од Мундобаскетот во Окинава, Јапонија. Околу 4 часот наутро се огласил алармот за тревога и итна евакуација, кој ги вознемирил кошаркарите на само еден ден пред почетокот на Светското првенство.
Лука Дончиќ и неговите колеги од кошаркарската репрезентација на Словенија имале бурна ноќ ден пред почетокот на Мундобаскетот. Словенечката кошаркарска репрезентација ја игра првата фаза од Мундобаскетот во Окинава, Јапонија. Околу 4 часот наутро се огласил алармот за тревога и итна евакуација, кој ги вознемирил кошаркарите на само еден ден пред почетокот на Светското првенство.
Во прашање била тревога поради ракетата лансирана од Северна Кореја.
Агонијата траела околу 20 минути, а потоа јапонската влада соопштила дека опасноста поминала.
Ѕвездата на словенечкиот тим Лука Дончиќ призна дека ова било непријатно искуство:
– Сѐ е супер, освен што синоќа не спиев многу поради алармот. Алармот беше нешто лудо. Беше најавено дека доаѓа проектилот, па малку се исплашив – изјави асот на Далас.
Словенија на Мундобаскетот стартува во групата Ф во која за противници ги има Венецуела, Грузија и Зеленортските Острови.