Бурата Сали се заканува да прерасне во ураган
Центарот со седиште во Мајами соопшти дека бурата најверојатно утре ќе се претвори во ураган и ќе се приближи до централниот дел од Мексиканскиот залив.
Тропската бура Сали денеска се засили крај брегот на западна Форида и се заканува да прерасне во ураган, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ), пренесуваат британските медиуми.
Центарот со седиште во Мајами соопшти дека бурата најверојатно утре ќе се претвори во ураган и ќе се приближи до централниот дел од Мексиканскиот залив.
Се предвидува ураганот потоа, во вторник изутрина, да стигне до Луизијана, Мисисипи и Њу Орлеанс.
Мексиканскиот Залив по втор пат за неполн еден месец е погоден од бура што го нарушува производството на нафта.