БУРА ПО НАЈАВАТА НА АМЕРИКАНСКИ ЦАРИНИ ЗА „КОНТРАШИТЕ ОД ЕУ“ Брисел се мисли за одговор, Трамп ја спомна „светата земја“

Според дипломатски извори во Брисел, можно е Европската унија да воведе контрамерки, кои би го погодиле американскиот извоз на автомобили и технологија. Претседателот на Европскиот совет изјави дека се размислува за заеднички договор. Слични пораки упатија шефот на данската дипломатија и францускиот претседател. Трамп пак, напиша статус на својата социјална мрежа велејќи дека Америка може да ја заштити „светата земја“.

38

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја разниша меѓународната сцена, откако најави нови царини од 10% за 8 европски земји кои, според него, „не го почитуваат фер односот“ кон САД. Трамп изјави на платформата „Truth Social“ дека САД со години ја субвенционирале Европа, особено Данска, бидејќи не наплаќале царини.

„Со години ги субвенциониравме Данска и земјите од Европската Унија. Сега е време тие да возвратат. Светскиот мир е во прашање“, напиша Трамп.






„Само Америка може да ја штити светата земја“

Со ироничен тон, тој додаде дека Данска го чува Гренланд со „два тима кучиња“, велејќи дека само Америка може да ја заштити „светата земја“.

„Кина и Русија го сакаат Гренланд, а Данска не може ништо да направи. Само САД, под мое водство, можат да ја спасат оваа игра“, истакна Трамп.

Во својата објава додаде дека земјите како Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Холандија и Финска „патуваат во Гренланд од непознати причини“, што според него ја зголемува опасноста за безбедноста на планетата.

Европа ќе удри по американските автомобили?

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ е „цврста во одбраната на меѓународното право“.

– Европската унија секогаш ќе биде непоколеблива во одбраната на меѓународното право. Во моментов координираме заеднички одговор на овие мерки – рече Кошта на прес-конференција по потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур.

Според дипломатски извори во Брисел, можно е Европската унија да воведе контрамерки, кои би го погодиле американскиот извоз на автомобили и технологија.

„Ова е изненадување“

Данскиот министер за надворешни работи рече дека изјавата на Трамп за можните царини доаѓа како изненадување.

– Во постојан контакт сме со Европската комисија и нашите други партнери за тоа прашање – Ларс Локе Расмунсен, зборувајќи само неколку дена по учеството на разговорите во Белата куќа со американски и гренландски претставници за прашањето за Гренланд.

Макрон не се плаши од царини

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека американските закани за воведување царини врз европски држави поради прашањето со Гренланд се неприфатливи.

„Никакво заплашување или закани не можат да влијаат врз нас. Заканите со царини се неприфатливи“, објави Макрон преку својот профил на Икс.

Францускиот претседател нагласи дека Европејците ќе одговорат на унифициран и координиран начин за да се обезбеди почитување на европскиот суверенитет.

Стармер контра Трамп за царините

Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на Трамп како „целосно погрешна“.

„Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова (како дискусија) директно со американската администрација“, наведе Стармер во соопштението.

Подолу тој напиша:

„Исто така, јасно ставивме до знаење дека безбедноста на Арктикот е важна за НАТО и сите сојузници треба да сторат повеќе заедно за да се справат со заканата од Русија низ различни делови од Арктикот“.

Поврзани содржини