Бура, обилни дождови и грмотевици во Хрватска и Србија
Обилни дождови се регистрирани и на Истра, како и во делови на Далмација. На подрачјето на Дубровник попладнево имало невреме со грмотевици.
Невреме попладнево зафати делови на Хрватска и на Србија, проследено со обилни дождови и со грмотевици.
Делови од Хрватска се погодени од пороен дожд со ветер. Невремето, според информациите од тамошните медиуми, прво го зафатило северенЈадран Горски Kотор и Лика, па се проширило кон внатрешноста и истокот на земјата. Обилни дождови се регистрирани и на Истра, како и во делови на Далмација. На подрачјето на Дубровник попладнево имало невреме со грмотевици.
Невреме го погоди и западниот дел на Србија и главниот град Белград.