БУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ ЗБОГАТИ МИЛИЈАРДЕРИТЕ Годинава 10-те најбогати заедно заработија повеќе од 500 милијарди долари
За само еден ден, комбинирани средства на 10-те најбогати се зголемија за 45 милијарди долари благодарение на силните заработки од технолошките компании и ублажувањето на стравовите од трговска војна.
Десетте најбогати луѓе во светот колективно го зголемиле своето богатство за дури 523 милијарди долари оваа година, според Индексот на милијардери на Блумберг.
Најголем добитник во 2025 година досега е Лари Елисон, коосновач на Oracle, чие лично богатство пораснало за 150 милијарди долари, на вкупно 343 милијарди долари, пишува Business Insider. Медиумот ги користи вчерашните податоци од Индексот на милијардери.
Лари Пејџ и Сергеј Брин, основачи на Alphabet (Google), го зголемиле своето богатство за повеќе од 60 милијарди долари, а Марк Закерберг од Meta и Јенсен Хуанг, извршен директор на Nvidia, за повеќе од 50 милијарди долари секој.
Пионерот на индустријата за компјутери Мајкл Дел, поранешниот шеф на „Microsoft“ Стив Балмер и Елон Маск, сопственик на „Tesla“ и „SpaceX“, заработиле повеќе од 30 милијарди долари во текот на годината. Листата на десетте најбогати ја заокружуваат Бернар Арно од LVMH, со зголемување од 19 милијарди, и Џеф Безос, основачот на Amazon, побогат за 11 милијарди долари.
За само еден ден, вчера, нивните комбинирани средства се зголемија за 45 милијарди долари благодарение на силните заработки од технолошките компании и ублажувањето на стравовите од трговска војна.
Се претпоставува дека поголемиот дел од тој раст е резултат на еуфоријата околу вештачката интелигенција и партнерствата и договорите со владите, како и вртоглавите пазарни прогнози.
Од почетокот на годината, акциите на „Оракл“ скокнаа за 70 проценти, додека „Алфабет“, „Нвидија“ и „Дел“ се во пораст за повеќе од 40 проценти, а „Мета“ и „Мајкрософт“ се во пораст за повеќе од 25 проценти.
Сите освен Арно имаат значителни удели во најголемите светски компании за вештачка интелигенција, па затоа растечките цени на акциите и пазарните очекувања го зголемија нивното лично богатство.
Експертите се поделени околу тоа што следи. Некои инвеститори, како што се Рос Гербер и Кевин О’Лири, веруваат дека вештачката интелигенција е „технологија што го менува светот“, а економистот Гари Шилинг, инвеститорот Бил Смид, професорот Ерик Гордон и стратегот Пол Дитрих предупредуваат дека бумот на вештачката интелигенција веќе добива карактеристики на меур што би можел да пукне.
Индексот на милијардери на Блумберг е дневно рангирање на најбогатите луѓе во светот