Прекинато водоснабдување вечерва од 20.30 часот имаат корисниците на дел од булеварот 3-та Македонска бригада, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Прекинот е поради уличен дефект ф 200 мм на булеварот 3-та Македонска бригада спроти „Раде Кончар“ и ќе трае до санирање на дефектот.