БУКИНГ ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИ КАЗНА ОД 413 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ШПАНИЈА Онлајн платформата ја злоупотребила доминантната позиција

Антимонополското тело на Шпанија оцени дека деловните практики на платформата Booking им наштетиле на хотелите во Шпанија и на другите онлајн даватели на услуги кои се натпреваруваат со оваа платформа.

1,549

Шпанското тело за заштита од конкуренцијата CNMC ја казни онлајн платформата за резервации за сместување „Букинг“ (Booking) со 413 милиони евра бидејќи ја злоупотребила својата доминантна позиција на пазарот во последните 5 години.

Анти онополското тело на Шпанија оцени дека деловните практики на платформата Booking им наштетиле на хотелите во Шпанија и на другите онлајн даватели на услуги кои се натпреваруваат со оваа платформа.






„Неговите деловни услови создаваат неправедна нерамнотежа во деловните односи со хотелите во Шпанија“, се наведува во соопштението.

Според наодите на супервизорот, подоброто позиционирање на хотелите со повеќе резервации на платформата Booking.com ги спречува другите понудувачи да влезат на пазарот или да се прошират.

Пазарниот удел на Booking во Шпанија, втората најпосетувана земја во светот, во последните 5 години се движи меѓу 70 и 90%.

Во мај оваа година, Европската комисија го вклучи Booking во листата на дигитални компании кои подлежат на посебни правила во ЕУ. Според тоа, нејзината матична компанија Booking Holdings, со седиште во САД, мора да обезбеди усогласеност на онлајн платформата со новите правила од Законот за дигитални услуги во рок од 6 месеци.

Поврзани содржини