ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО ВАШИОТ ПОСЕБЕН ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК Шефицата на ЕК зборуваше со Пендаровски за уставните измени, скринингот, извештајот…

Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за важноста на уставните измени, за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија како земја-кандидат, но и за Планот за раст на Западниот Балкан, велат од кабинетот на Претседателот.

2,042

„Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“.

Вака вечерва изјави шефицата на Фон дер Лајен на средбата со претседателот Стево Пендаровски. Во соопштението од Кабинетот се вели дека освен за уставните измени  било разговарано и за извештајот на ЕК за напредокот на Македонија како земја-кандидат, но и за Планот за раст на Западниот Балкан.






Претседателот се заблагодарил за поддршката и посветеноста од ЕУ за политиката за интеграција на земјите од Западен Балкан.

Фон дер Лајен во текот на утрешниот ден ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски и ќе одржат заедничка пресконференција.

 

Поврзани содржини