Букеле: Повеќето светски лидери превентивно пијат хлороквин

348

Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле денеска изјави дека „мнозинството светски лидери“ користат хлороквин, лек чие дејство во лекувањето на новиот коронавирус не е докажано.

– Го користам како превентива. Претседателот Трамп го користи за превенција, како и поголемиот број светски лидери – наведе Букеле.






Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека превентивно пие хлороквин за време на епидемијата со ковид-19, додека во неделата истакна дека повеќе не го користи лекот.

Хидроксихлороквинот првенствено се користи за лекување на маларија.

Светската здравствена организација неодамна соопшти дека поради безбедносни причини го стопира испитувањето на тој медикамент за лекување на ковид-19.

Поврзани содржини