Бугарските социјалисти бараат Борисов да ги објасни идните позиции кон С Македонија
Премиерот Борисов нема да се појави во бугарскиот парламент, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министер за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министер за одбрана.
Пратеничката група БСП за Бугарија повторно побара од Националното собрание лично да го слушне премиерот Бојко Борисов на тема Република Северна Македонија и за позицијата на Бугарија за членството на нашиот сосед во Европската унија.
Премиерот Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министер за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министер за одбрана.
Според заменик претседателот на Националното собрание, Кристијан Вигенин, владејачката партија повторно го скрила Борисов.
– Oткако позицијата на нашата земја е веќе заземена и објавена, се поставуваат други прашања во врска со идната политика на Бугарија кон нашиот сосед и во врска со проширувањето. Ние веруваме дека дискусијата треба да биде посеопфатна, не конкретно за оваа позиција, туку за односите меѓу двете земји од сега па натаму. Затоа, сметаме дека треба да се одржи сослушување со премиерот Бојко Борисов, а не со вицепремиерите, како што предложија од ГЕРБ – изјави Вигенин, пренесоа бугарски медиуми.