БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ ЌЕ ГИ ЗАДРЖИТЕ, АМА КАЗНИ ЌЕ ПЛАТИТЕ Адвокатот Менкиноски појасни што ќе се случи со 247 Македонци кои станаа „Бугари“
За овие Македонци екс градоначалникот на Благоевград призна вина дека правел фалсификат за нивните адреси на живеење.
Сите 247 Макецонци кои извадиле бугарски пасоши, а за кои екс градоначалникот на Благоевград призна вина за фалсификат, ќе си ги задржат патните исправи. Бугарија под притисок на ЕУ само демонстрира дека прави нешто, а во суштина не прави ништо, изјави адвокатот Тони Менкиноски за ТВ Алфа.
Тој вели дека Македонците со пасошите коишто се дел од предметот за ексградоначалникот Живко Чукарски ќе платат само прекршочна глоба, бидејќи ја злоупотребиле постапката за вадење на државјанство.
Имено, бугарските медиуми откриваат дека процесот за добивање бугарски пасоши, од 2016 до 2019 година, во Благоевград бил претворен во профитабилен бизнис. Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово плаќале и до 5.000 евра. Главна улога во процесот играле повеќе од 100 „медијатори“, кои обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.