БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ ДА СИ ГИ СМЕНАТ ИМИЊАТА, АКО САКААТ ДА ПОСТОЈАТ Османи во интервју за бугарски медиум

Не знам дали сте биле во клубот во Битола, но кога ќе влезете ве дочекува плакат со цитат на Ванчо Михајлов во кој се вели „таканаречениот македонски народ“. Тоа ги повредува чувствата на Македонците – вели Османи во интервјуто за БТВ.

1,798

Бугарските клубови во Македонија треба да се прилагодат со законот, односно да ги сменат своите имиња, ако сакаат да продолжат да постојат – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ во Софија. Тој најави дека ќе ги повика претставниците на овие клубови на разговор во врска со таа тема.

На прашање дали бугарските клубови во Македонија со имињата „Иван Михаилов“ и „Цар Борис III“, ако сакаат да продолжат да постојат, ќе треба да ги сменат имињата, Османи рече дека Собранието усвои закон што јасно прецизира кои имиња не се дозволени.






– Така вели законот. Ќе бидам доследен, јас лично имав дилеми околу ретроактивноста на одредени делови од законот. Но, одлуката на Собранието е таква што имињата не треба да се поврзуваат со периоди како што е фашистичкиот период од Втората светска војна, кои ги повредуваат чувствата на граѓаните. И клубовите ќе мора да го направат тоа – одговори македонскиот министер.

Тој побара сензитивност во именувањето на клубовите, и дека мнозинството Македонци се чувствуваа навредени од тие имиња, односно да се разбере оваа чувствителност на народот.

– Очигледно е дека имињата што беа избрани, без разлика како историски и научно ќе ги толкуваме улогите на овие личности во историјата, чувството во поголема мера во Северна Македонија, е дека овие имиња се провокации. Ова е доволно. Не знам дали сте биле во клубот во Битола, но кога ќе влезете ве дочекува плакат со цитат на Ванчо Михајлов во кој се вели „таканаречениот македонски народ“. Тоа ги повредува чувствата на Македонците – вели Османи.

Тој повтори дека најважно е да се внимава на чувствата кои се предизвикуваат со одредени постапки.

– Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата – изјави Османи.

Османи најави дека идната недела ќе ги покани претставниците на бугарските клубови, со цел да се направи план како да ѝ се овозможи на бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност и да се интегрира во општеството.

Поврзани содржини