БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ ЗА НЕГОВАТА ГЛАВА БАРАЛЕ 200 ИЛЈАДИ ЛЕВА На денешен ден е роден Стив Наумов
Есента 1942 година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов.
Се самоубил за да не го фатат бугарските фашисти, бил погребан, па откопан и полиен со бензин, за луѓето во селото Болно да не можат да го посетуваат неговиот гроб. А, пред да биде погребан, неговото мртво тело заедно со телото на другарот Мите биле изложени во селото за Бугарите да можат да ги распознаат родителите на Мите. Таква била судбината на народниот херој Стив Наумов родум од Битола на денешен ден во 1920 година.
Стив, или поточно Стефан, потекнувал од печалбарско семејство. Бил трето машко дете на Васил и на Јана Темелкова. По таткова линија потекнувал од селото Битуше. Стив завршил гимназија во Битола и Технички факултет во Белград. Таму веднаш стапил во работничкото движење, а кога се вратил дома станал секретар на Месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Битола.
Во април 1942 година, Стив Наумов учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај 1942 година во Битола го убил бугарскиот областен полициски началник. Во јуни 1942 година станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.
Есента истата година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов.
По Втората светска војна, на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните се наоѓа и гробот на неговиот брат Ѓорги Наумов (1914-1942), кој бил обесен во скопскиот затвор.
Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него. Во негова чест, денес три основни училишта го носат неговото име, во Битола, Скопје и Пласница. Во Битола има и спомен-куќа посветена на неговиот живот и дело.
На денешен ден се родил уште ден херој во НОВ, велешанецот Димче Зографски. Во младоста се вклучил во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност бил осуден на пет години затвор.
За време на НОВ на Македонија работел во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што бил интерниран од бугарската фашистичка власт.
Умрел во Скопје, на 3 јуни 1985 година.