Бугарскиот професор Топалов: Македонија е Северна Кореја на Балканот (ВИДЕО)

Во гостувањето за 6ТВ тој рече дека за спорот околу јазикот тешко дека ќе се дојде до некаква научна вистина.

2,072

Членот на Мешовитата историско-образовна комисија, бугарскиот професор Кирил Топалов ја спореди Македонија со Северна Кореја.

Во гостувањето за 6ТВ тој рече дека за спорот околу јазикот тешко дека ќе се дојде до некаква научна вистина.






– Јазичниот спор со Република Северна Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство – рече Топалов.

Според бугарскиот професор, Македонија е Северна Кореја на Балканот поради нејзината, како што рече жестока цензура и жестокиот тоталитаризам.

Поврзани содржини