Бугарскиот претседател Румен Радев учествува на протест, откако денеска беше приведен Пламен Узунов, секретар на претседателот за правни и антикорупциски прашања во рамките на истрагата за тргување со влијание.
– Ве молам повлечете ја полицијата, немаме од кого да се плашиме. Гледам млади и стари луѓе, ова не е случајно. Гледам луѓе од различни политички партии, ова исто така не е случајност. Од нас зависи, да ја исфрлиме мафијата од извршната власт. – рече Радев на почетокот на својот говор, јавуваат бугарските медиуми.
Протестот беше организиран по акцијата на обвинителството, при што биле приведени освен секретарот на шефот на државата Пламен Узунов и Илија Милушев, советник за безбедност и одбрана.