БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР СВЕТЛАН СТОЕВ ПОРАЧУВА Партија на Бугарите во Македонија е вистинскиот потег
Тоа е нивно право, бидејќи Уставот им гo гарантира тоа право. Мислам дека тоа е вистинскиот пат по кој тие треба да ги штитат своите права заедно со бугарската држава, изјави Стоев.
Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека ја поддржува идејата за евентуалното формирање партија на Бугарите во Северна Македонија.
– Тоа е нивно право, бидејќи Уставот им гo гарантира тоа право. Мислам дека тоа е вистинскиот пат по кој тие треба да ги штитат своите права заедно со бугарската држава – изјави Стоев на 16-та Светска средба на бугарските медиуми, што се одржа во Рилскиот манастир.
Според Стоев, таквата партија би бил „единствениот и вистински начин“ за Бугарите во земјава да ја обезбедат својата афирмација.