Бугарски противпожарни возила се вклучуваат во гаснење на пожарите во Пехчевско

Одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

455

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни,  одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.






Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

Поврзани содржини