БУГАРСКАТА ПРИНЦЕЗА ВОЗЕЛА ПИЈАНА И НАПРАВИЛА СУДАР Вознемирена била оти ѝ побегнало кучето
Алко-тестот покажал 1,5 промили алкохол, а принцезата одбила да даде примерок од крв, пренесуваат медиумите.
Ќерката на Симеон Саксобурготски, Калина, која завчера направи сообраќајка, а претходно пиела алкохол, ќе одговара, соопшти бугарското Јавно обвинителство
Таа вчера беше ослободена откако помина 24 часа во притвор, а нејзиниот автомобил е запленет.
Настанот се случил околу 15:00 часот на 19.08.2023 година во реонот на хотелот Мура во Боровец.
Алко-тестот покажал 1,5 промили алкохол, а принцезата одбила да даде примерок од крв, пренесуваат медиумите.
Во сообраќајната несреќа нема повредени.
Нејзиниот сопруг, Китин Муњоз за бТВ даде изјава во одбрана на принцезата:
– Мојата сопруга го загуби кучето. Многу го сакаше. Има три кучиња. Сѐ уште не можеме да го најдеме. Под стрес е. Цело утро се шетавме низ Боровец. Таа удри во автомобил додека се паркираше… Можеби испила чаша вино, но тоа не е пиење алкохол. Тоа не е ништо. Инцидентот е мал. Станува голем проблем бидејќи таа е – принцеза – рече тој.
Инаку, Калина е бугарска принцеза, петто дете и единствена ќерка на последниот бугарски крал (1943-1946) и премиер ( 2001-2005 ) на Бугарија Симеон II и кралицата Маргарита.
Официјалната и монархиска титула е „Нејзиното царско височество Калина, принцеза на Бугарија и војвотка од Саксонија“.