БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ДА КЛЕКНЕ И ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА ВАТАША Мицкоски го советува Османи да ја викне Габриел, а Ковачевски го кани на ТВ дуел

За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува - рече Мицкоски повикувајќи го Ковачевски на ТВ дуел.

1,533

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани бугарската колешка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка.

– Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. Многу пати во минатото со своите постапки наместо како министер за надворешени работи на Македонија во земја во која мнозински народ е македонскиот, да покаже почитување, тој не само што не покажал туку и го погазил. Го советувам Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе пример од една европска земја, да дојде овде на споменикот во Ваташа, да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за какво било простување за каква било прошка – рече Мицкоски.






Тој потсети дека германскиот канцелар Вили Брант на тој начин ѝ се извинил на Полска.

Мицкоски го повика премиерот Димитар Ковачевски да не се плаши да излезе на избори.

– Човекот е кукавица, човекот е киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, таква е ова политичка матрица на овие луѓе. Освен тоа што уште некое време ќе бидат таму каде што се, јас не очекувам било каква креативност, еднаш кукавица, цел живот кукавица. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува – рече Мицкоски повикувајќи го Ковачевски на ТВ дуел.

 

Поврзани содржини