БУГАРСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ ПРИРЕДИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ „Денес над Македонија се раѓа“ за првпат испеана со сите строфи

На приемот присуствуваа министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени, јавни личности и припадници на бугарската заедница во Македонија.

812

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје синоќа приреди традиционален прием по повод 3 Март – Денот на ослободувањето од османлиското владеење.

Настанот, чиј домаќин беше бугарскиот амбасадор во земјава Жељаско Радуков, се одржа во хотелот „Александар Палас“ и собра високи гости од политичкиот, дипломатскиот и од бизнис-секторот.






На приемот присуствуваа министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени, јавни личности и припадници на бугарската заедница во Македонија.

Она што го одбележа овогодишниот настан беше начинот на изведба на националните химни на двете држави. Првпат на прием организиран од бугарската амбасада, македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ беше изведена со сите три строфи, наместо само инструментално, како што беше практика досега.

Честа да ги интерпретира химните на Македонија и на Бугарија ѝ припадна на македонската пејачка Агни Авшар, дипломирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Овој чин привлече внимание меѓу присутните и беше тема на коментари и меѓу дел од странските дипломати на настанот.

Ова е прв прием на Бугарија во Скопје откако амбасадорот Радуков во септември минатата година ги предаде акредитивите кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Поврзани содржини