Бугарите што работат против Македонците ги подриваат сопствените темели

Пријателството и железни врати отвора, непријателството ги затвора. Политичките блокади ќе предизвикаат културни, јазични и меѓучовечки блокади. Ама вие, како бугарска држава, па и одделни Бугари, одбирате блокада, толку ниска политичка свест не сме сретнале до сега. Историски уникум.

2,083

Мои коментари на групата Словенски јазици, каде што има и почит, но сѐ уште и неосновано порекнување на особеноста на македонскиот јазик:

Примери: Нечист на бугарски е мрсен, појадок е закуска, колкови е ставите, стомак е корема, соба е стаја, сочувство е с’болезнование, перална за коли е автомивка, зејтин е олио, вргањ е манатарка, ресторан е заведение, зграда е блок, танга е прашка, интима за депилација е триаг’лника, самосвест е с’знание, ручек е обед, попладне е следобед, матуранти се абитуранти, лифт е асансјор, ракомет е волебол, итн…






Ареалната лингвистика го докажува влијанието на јазиците во контакт – просторен и меѓучовечки. Ако продолжите да го рушите контактот со Македонците и македонскиот јазик, разликите ќе бидат уште подрастични. Пријателството и железни врати отвора, непријателството ги затвора. Политичките блокади ќе предизвикаат културни, јазични и меѓучовечки блокади. Ама вие, како бугарска држава, па и одделни Бугари, одбирате блокада, толку ниска политичка свест не сме сретнале до сега. Историски уникум.

Парадоксално, вие работите против Македонците, ама всушност ќе си ги подриете сопствените темели. Повеќе од третина население ви е од Македонија, не заборавајте. Македонците оставиле многу силни траги со своите локални наречја врз бугарскиот јазик, вие ги асимилиравте, ама и тие до денес судбински влијаат врз бугарската култура и нација која е мултиетничка како и секоја друга. Секое добро и убаво ви пожелувам, повеќе емпатија и почит кон Другиот.

Јас го почитувам бугарскиот јазик, тој примил влијанија од едни јазици со коишто бил во контакт, македонскиот од други. Контактот меѓу јазиците, луѓето и културите е предуслов за да дојде до размена, влијанија и зближувања. Бугарскиот современ јазик си има свој граматички систем, македонскиот свој, македонскиот е автономен и посебен јазичен систем како и сите други јужнословенски јазици кои пак, сите до еден, произлегле од една иста, старословенска матрица, ама денес си имаат свој идентитет, и секој јазик е за почит, совршен на свој начин.

Почитувајте го и вие тој факт за македонскиот јазик, тоа е најмалку што можете да направите, а да биде цивилизирано.

Бугарската нација не е чиста ни виша, и таа има мултиетнички состав, како и секоја друга. Не може сите граѓани со бугарско државјанство да бидат Бугари по род. Тоа е апсурд, кој, впрочем, секој ден сѐ повеќе го загрижува цивилизираниот свет, како присила со предумисла и со културоцидна позадина. Зарем не сфаќате дека во ваквиот бугарски концепт на нацијата и односот спрема Македонија има висока доза од најозлогласените теории на нацијата и нацизмот?

(ФБ статус на авторката)

Поврзани содржини