БУГАРИТЕ САКААТ НОРМАЛЕН ЖИВОТ Не до 20 март, туку веднаш да се укинат ковид-мерките (ВИДЕО)

Демонстрантите извикуваа „Оставка“ и „Слобода“ повикувајќи ја владата да отстапи поради „неуспехот во носењето со здравствената криза.

416

Под мотото „Сакам нормален живот“ демонстранти во Софија денеска мавтаа со национални знамиња и носеа транспаренти на националистичката партија Препород, која ги организираше протестите. Извикуваа „Оставка“ и „Слобода“ повикувајќи ја владата да отстапи поради „неуспехот во носењето со здравствената криза“, пишува МКД.






Демонстрантите го отфрлија планот на владата до 20 март постепено да ги укине рестриктивните мерки, барајќи наместо тоа задолжителното носење заштитни маски и здравствените пропусници веднаш да бидат укинати.

Бугарија која има 6,5 милиони жители во текот на февруари забележа пад во случаите на заразени со коронавирусот. Денес, 23 февруари, пријавени се 4.667 нови дневни случаи на инфекција додека врвот на актуелниот бран беше на крајот на јануари со повеќе од 12.000 случаи на ден

Поврзани содржини