БУГАРИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЕВРОТО Бараат фер избори и независно судство

Демонстрантите синоќа во Софија и во другите градови побараа слободни и фер избори, а не компромитирани, со манипулација на гласачите, купување гласови и со фалсификување на изборните резултати како во претходната кампања.

1

Десетици илјади луѓе синоќа излегоа на улиците во главниот град Софија и во другите градови во Бугарија и побараа фер избори и независно судство кое може да се бори против широко распространетата корупција. На бројни транспаренти можеше да се види дека не го сакаат еврото како бугарска валута.

Овие демонстрации следеа по протестите од минатата недела кои беа предизвикани од плановите на владата за повисоки даноци и за зголемени владини трошоци. Потоа владата го повлече контроверзниот буџетски план за 2026 година, а на крајот ги исполни барањата на народот да поднесе оставка.






Фото: Принтскрин

 

Најновите настани ја оставаат Бугарија, која е во ЕУ од 2007 година, без буџет за следната година и без редовна влада, непосредно пред да се приклучи на еврозоната на 1 јануари како 21-ва членка и да го воведе еврото како средство за плаќање.

Се очекува претседателот Румен Радев да назначи привремена влада и да одреди датум за предвремените парламентарни избори, што ќе бидат осми по ред од 2021 година.

Демонстрантите синоќа бараа слободни и фер избори, а не компромитирани, со манипулација на гласачите, купување гласови и со фалсификување на изборните резултати како во претходната кампања.

Во центарот на фрустрациите на демонстрантите е улогата на бугарскиот политичар и олигарх Делјан Пеевски, кој беше санкциониран и од САД и од Велика Британија и чија партија Алијанса на права и слободи ја поддржа коалицијата предводена од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Фото: Принтскрин 
Поврзани содржини