БУГАРИТЕ НА ФИЛМ ЌЕ ДОКАЖУВААТ ДЕКА НЕ БИЛЕ ФАШИСТИ Последно, наместо трето полувреме? (ВИДЕО)
Во тоа време нашиот клуб „Левски“ и нашиот клуб „Скопје“ играат натпревар во домашното првенство, фудбалерите на „Левски“ одбиваат да кренат рака, а тоа го прават момците од Македонија. Се креваше рака како нацистички поздрав во Берлин, Рим, Виена, па дури и во Лондон, а само во Софија рацете остануваа спуштени. Бугарија е ослободена од фашизмот, вели Полјаков.
Бугарски пандан на нашиот филм „Трето полувреме“, наречен „Последно полувреме“ ќе докажува дека Бугарите во Македонија не биле фашисти, а моментално филмот се преведува и на англиски јазик. Режисерот, продуцент и писател Степан Полјаков и објаснува дека тоа е филм за фалсификувањето на историјата во кој е раскажана вистинската приказна за фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и скопскиот тим „Македонија“ кој се одиграл во март 1942 година, пренесува МКД.
Како што вели Полјаков во интервју за БГНЕС, мечот завршил со 3:0 за „сините“, но интересен факт е што тогаш натпреварите започнувале со нацистички поздрав, а на овој еден од клубовите одбил да го направи тоа. Тоа биле фудбалерите на „Левски“. Оваа вистина, според Полјаков, е извртена во македонскиот филм „Трето полувреме“ во кој Бугарите се претставени како нацистички чудовишта.
– Филмот е наречен „Последно полувреме“ за да ги затвори сите полувремиња меѓу нас и РСМ. Во него се прикажани оригинални снимки. Во тоа време нашиот клуб „Левски“ и нашиот клуб „Скопје“ играат натпревар во домашното првенство, фудбалерите на „Левски“ одбиваат да кренат рака, а тоа го прават момците од Македонија. Се креваше рака како нацистички поздрав во Берлин, Рим, Виена, па дури и во Лондон, а само во Софија рацете остануваа спуштени. Бугарија е ослободена од фашизмот – вели Полјаков.
Според него, обидот на „Трето полувреме“ и на современите македонските политичари да ги претстават Бугарите како фашисти и нацисти не е добар. Напротив, требало да се зборува за луѓето како играчите на „Левски“ кои ризикувале многу, одбивајќи да кренат рака.
– Тие луѓе на некој начин се херои, кои не ги препознаваме денеска и ние треба да зборуваме за тие луѓе, а не за глупостите во Македонија – вели авторот на филмот.