БУГАРИТЕ ПРАВЕЛЕ ФИНТА, ГИТАРАТА НА ТОШЕ Е ВО МУЗЕЈ Неговиот зет ја разреши мистеријата
Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, којзнае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше секогаш пееше и свиреше, има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце … Секакви финти се правеле, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше, изјави Славен Ристески, зет за сестра на легендарниот Тоше.
„Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во музејот во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење“.
Вака изјави за „Фокус“ Славен Ристески, зет за сестра на легендарниот пејач Тоше Проески по објавите на бугарскте медиуми дека гитарата ја поседува младиот бугарски поп-фолк пејач Лео и ја покажува во спот за неговата песна „Ти си мојот живот“.
Славен вели дека со текот на годините веќе свикнале на секакви приказни поврзани со Тоше, и на многу од нив семејството воопшто не реагира. Тврди дека многумина се обиделе да си прават маркетинг користејќи го името на Тоше, и тоа не ги изненадува.
Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија, објаснува тој.
– Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, којзнае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше секогаш пееше и свиреше, има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце … Секакви финти се правеле, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше – изјави Ристески.