БУГАРИТЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПО Левски ѝ се пожалил на УЕФА за скапите билети за утрешниот меч со Шкупи во Скопје
Левски се жали за цената од 1.200 денари за нивните навивачи, во споредба со 150-200 денари за фановите на скопскиот тим за натпреварите во кои е домаќин.
Претставникот на Бугарија во Лигата на конференциите, Левски, се пожалил до делегатот и до комесарот на безбедност на УЕФА за скапите влезници за утрешниот прв дуел со Шкупи во Скопје од второто квалификациско коло.
Левски се жали за цената од 1.200 денари за нивните навивачи, во споредба со 150-200 денари за фановите на скопскиот тим за натпреварите во кои е домаќин.
Во прилог на својата жалба Бугарите ги наведуваат и цените на влезниците од 250-300 денари за мечот Македонија – Бугарија од Лигата на нациите минатиот септември на Националната арена „Тодор Проески“.