БУГАРИТЕ НУДАТ ПАСОШИ И СТИПЕНДИИ ВО ГОЛО БРДО Пропагандата е зголемена во пресрет на пописот во Албанија
Им нудат пасоши, стипендии, посети на Бугарија. Откако Бугарија влезе во ЕУ, Албанци земаат бугарски пасоши од економски причини. Ставот наш е јасен, во Република Албанија нема бугарско малцинство, бидејќи во сите пописи во Албанија нема изјаснети Бугари, вели Ѓурѓај.
Бугарската пропаганда им нуди пасоши, стипендии посети на Бугарија на Македонците од Голо Брдо во пресрет на пописот во Албанија кој треба да се одржи во октомври, вели Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ од Тирана за порталот Фактор.
– Бугарската пропаганда е зголемена во пресрет на пописот во Албанија кој ќе се одржи во октомври, и тие со секое средство се трудат да создадат некакво бугарско малцинство кое го нема. Во областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цело Врбник не постои бугарско малцинство. Им нудат пасоши, стипендии, посети на Бугарија. Откако Бугарија влезе во ЕУ, Албанци земаат бугарски пасоши од економски причини. Ставот наш е јасен, во Република Албанија нема бугарско малцинство, бидејќи во сите пописи во Албанија нема изјаснети Бугари – вели Ѓурѓај.
Тој смета дека ништо не е случајно, а дека ваквите обиди на Бугарија траат веќе неколку години. Се проценува дека во Албанија живеат околу 120.000 Македонци.