БУГАРИТЕ ИЗВОЈУВАА ГОЛЕМА БИТКА ПРОТИВ ГЕРМАНЦИТЕ КАЈ СТРАЦИН Важно е што вели за тоа историската наука, а не СДСМ, вели ВМРО-НП
Бугарската армија, после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт, зела учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт – пишува ВМРО-НП.
ВМРО-ДПМНЕ, како идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус, продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија продолжувајќи со манипулација и искривување на фактите – реагира ВМРО-Народна партија и како што вели, „сака уште еднаш да им го прераскаже претходното соопштение на сите оние кои не успеале да го разберат“.
„Да повториме, ВМРО-Народна партија зборува за конкретен ден, 13 ноември 1944 година во кој според сите светски извори вклучително во најново време и српските, бугарската армија после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт земала учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт. На тој пат има ослободено повеќе градови во источна Македонија, водела голема битка кај Страцин против германските фашистички сили и учествувала во ослободувањето на Скопје, а понатаму кон Косово и Србија.
ВМРО-ДПМНЕ го поставува прашањето на СДСМ што таа мисли за тој наш став, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ пак потврдува дека сè уште живее во идеолошките матрици на комунизмот и треба да го постави прашањето што мисли светската историска наука, а не нивните индоктринирани умови.
Конечно, во нашето прво соопштение имаше и една друга провокација до ВМРО-ДПМНЕ, а и до другите сили кои учествуваат во антибугарската хистерија, јасно и гласно да ни кажат кои беа фашистите во Скопје на 13 ноември 1944 година“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.