БУГАРИТЕ ГО БРАНАТ ЛЕВОТ Протести низ повеќе градови против воведување на еврото

89

Во Софија и во други градови во Бугарија вчера се одржаа протести за заштита на бугарскиот лев.

Демонстрантите бараат зачувување на националната валута – лев, референдум за еврото и оставка од Владата.






Протести имаше и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и во Јамбол.

Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на 8 јули, кога се очекува конечното решение за членство на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година.

Поврзани содржини