БУГАРИН УАПСЕН ВО ДРАЧЕВО Физички ја нападнал поранешната сопруга од Скопје

По претходна расправија тој физички ја нападнал поранешната сопруга при што употребил и тврд предмет.

420

46-годишен Бугарин е уапсен во Драчево поради насилство. Тој по претходна расправија физички ја нападнал поранешната сопруга од Скопје.

„Денеска (07.05.2024) во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Н.И.Ц.(46) од Република Бугарија, затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини