БУГАРИН ОД МАКЕДОНИЈА ИСКРЕНО СИ КАЖУВА Ние ќе бидеме наследници на минатото, а на етничките Македонци ќе им остане периодот по 1944 година (ВИДЕО)

Извесен Игор Билбиловски од Тетово за бугарската телевизија СКА објаснува зошто е потребно Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав, односно, како што вели тој, „институционализирани“.

12,192

Кога човек е искрен, искрено си кажува…

Еве како извесен Игор Билбиловски, кој е роден во Тетово и живее и работи во Скопје, а се декларира како Бугарин, ја објаснува бугарската кауза во интервју за бугарската телевизија СКАТ.






Билбливоски се самоосознал како Бугарин во 2011 година, бидејќи бил, како што вели, вистинољубив. Во негово самоосознавање му помогнал неговиот духовник, отец Партениј од манастирот Бигорски, кој му раскажувал за нашето бугарско минато и му давал соодветна литература.

Во 17. минута од интервјуто Билбиловски објаснува зошто е неопходно Бугарите да бидат запишани во македонскиот Устав.

– Бугарите во Македонија мора задолжително да бидат впишани во Уставот. Секако, треба да го прифатиме фактот дека постојат мнозинство на луѓе коишто се декларирани како етнички Македонци, но ако имаме институционализирани Бугари, тие ќе бидат наследници на културното и револуционерно минато на Бугарите во Македонија, а на етничките Македонци ќе им остане само периодот после Илинден 1944 година – објаснува Билбиловски.

На ова реагираше и водителот на емисијата, очигледно не очекувајќи да слушне ваква искрена експликација на каузата на македонските Бугари.

Погледнете го ова интервју. Спорниот момент е во 17. минута:

 

Поврзани содржини