БУГАРИ, КУПЕТЕ ЈА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА! Ние сме на потег, повикува пробугарската Фондација Македонија
„Знаете дека во 21 век кој ја контролира економијата, контролира сè“, убедува Фондацијата.
„Помалку 700.000 луѓе работат на пазарот на труд во Северна Македонија, од кои околу 100.000 се донесени на работа, но не работат – земаат пари само како вработени во разни државни структури. Приватниот сектор вработува помалку од 500.000 луѓе. Состојбата на македонската берза е уште потешка – дневниот промет е во просек од 250-300.000 лева, од кои 80% е во акциите на Комерцијална банка АД“, пишува пробугарската Фондација Македонија.
„Сега е време Бугарите да ги купат македонските акции, да ја купат целата македонска економија, сега и во следните 2 години, во кои вредноста на македонската економија ќе се намали за нови 30 до 45%. Знаете дека во 21 век, кој ја контролира економијата контролира сè. Ние сме на потег. Очекувајте новости од Фондацијата Македонија и во оваа насока!“, се вели во Фејсбук објавата.