БУГАРИЈА СОБОРУВА КОВИД РЕКОРДИ Здравството пред колапс, им снемува и кислород

Во моментов има осум области во Бугарија каде стапката на инфекција е 1.000 на 100.000 луѓе. Од вкупно 28 окрузи, само две имаат стапка на инфекција помала од 500 на 100.000 луѓе.

744

Состојбата со коронавирусот во Бугарија им задава вистинска главоболка на властите. Вчера, медиумите објавија дека само две области во целата држава не биле класифицирани како „темно-црвена зона“, со стапка на инфекција над 500 инфекции на 100.000 луѓе.

Монтана има највисока стапка од 1.425 случаи на 100.000 луѓе, а главниот град Софија е на второ место.






Воедно, денеска оваа држава го собори рекордот по бројот на починати од коронавирусот. Во последните 24 часа починале 310 лица, а 6.007 биле позитивни на речиси 50.000 тестирани.

Професорката Мира Кожухарова, советник на министерот за здравство, предупреди дека постои опасност за здравствениот систем.

– Сѐ уште се прифатливи шест до осум илјади зафатени болнички кревети, под услов да не станува збор за интензивна нега. Во текот на претходниот бран имавме моменти кога имавме околу 10.000 зафатени кревети. Здравствениот систем веројатно нема да може да го издржи ова, пред се затоа што немаме доволно кадар – изјави Кожухарова за медиумите.

Во моментов има осум области во Бугарија каде стапката на инфекција е 1.000 на 100.000 луѓе. Од вкупно 28 окрузи, само две имаат стапка на инфекција помала од 500 на 100.000 луѓе.

Вчера во Бугарија се пријавени 1.460 нови случаи, а тестирани се 16.960 лица, што значи дека процентот на зараза бил 8,6 отсто, денес тој процент е веќе 12. Во болниците има над 8.000 лица, од кои 670 се на интензивна нега. единици. Според медиумите во многу болници нема повеќе слободни кревети на интензивна нега.

– Во болницата имаме 180 кревети, сите се полни. Имаме 20 кревети на одделот за интензивна нега и постојано се зафатени. Повеќето пациенти имаат тешка клиничка слика, многумина оживуваме – изјави д-р Рада Прокопова, началник за кардиологија во Универзитетската болница „Света Ана“.

Во Пловдив се плашат да не им снема кислород.

– Доколку испораката не пристигне во следните 24 часа, постои опасност пациентите да останат без толку потребниот кислород – изјави за НОВА д-р Петар Петров, директор на болницата „Света Мина“.

Професорката Кожухарова рече дека четвртиот бран е полош од претходниот, а прогнозите се дека бранот ќе го достигне својот врв во оваа недела.

Таа додаде дека е можно целосно заклучување, доколку болниците не можат да обезбедат медицинска нега на сите на кои им е потребна. Професорот рече и дека одлуката дали доказот за поседување антитела ќе биде доволен услов за добивање ковид-пропусница нема да се донесе пред среда.

– Нема да коментирам за антителата за добивање пропусници за ковид. Мое мислење е дека не треба да го правиме тоа бидејќи тогаш луѓето ќе престанат да тестираат, а има различни лаборатории кои даваат различни резултати. Оваа одлука практично би значела отфрлање на пропусницата за ковид – рече професорката.

Според бугарските медиуми, просечниот број на смртни случаи од ковид-19 е за 10 години помал отколку на почетокот на пандемијата. Досега најмалку една доза во Бугарија примиле нешто повеќе од 2.860.000 луѓе, додека две дози примиле повеќе од 1.511.000 луѓе.

Поврзани содржини